Хамилтон победи во Шпанија и го намали водството на Фетел

ОБЈАВЕНО НА:

Британецот Луис Хамилтон победи на трката за ГН на Шпанија во Барселона, и ја намали разликата меѓу него и лидерот во првенството Себастијан Фетел на само шест бодови. Завршени се една четвртина од предвидените трки за возење.

Трката во Шпанија донесе борба меѓу два поранешни светски прваци, а само Даниел Рикардо на третото место усепа да остане во ист круг со нив, иако заостануваше 75 секунди.

За возачот на Mercedes, ова беше 55. триумф во кариерата во Формула 1. Иако тргна од пол позицијата Фетел успеа на почетокот да го преземе водството, а потоа со подобрата стратегија на менување гуми тимот на Mercedes му овозможи на Хамилтон во самата завршница пак да се врати на местото што го имаше.

На крајот од трката Хамилтон имаше 3,4 секунди предност во однос на Фетел, кој стори сѐ што можеше да возврати но недоволно да се победи ривалот.

Валтери Ботас и Кими Раиконен, како втори возачи на екипите на Mercedes и на Ferrari не ја завршија трката. Раиконен имаше инцидент уште во првиот круг, додека Ботас проблеми со моторот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK