Хамилтон го продава својот Mercedes-Maybach S600

ОБЈАВЕНО НА:

Актуелниот Ф1 шампион, Британецот Луис Хамилтон одлучи да продаде еден од многуте лични автомобили. Станува збор за ултра луксузниот Mercedes-Maybach S600 за кој според Хамилтон, му е вишок во автомобилската збирка.

Според наведеното на AutoTrader каде што и го објави огласот за продажба, овој автомобил располага со најнапреданата технологија на Maybach, премиум луксуз во внатрешноста и екстериерно одлично сочуван.

За да го купите овој автомобил со кој Хамилтон има поминато само 44 илјади километри ќе морате да издвоите 119.000 евра колку што и на AutoTrader објави дека му бара.