Досега вакво нешто беше незамисливо: McLaren в година со мотор на Ferrari!

ОБЈАВЕНО НА:

Долги години McLaren се мачи да се врати на старите патеки во Формула 1, но тешко му оди. Еден од најдобрите тимови во историјата на Ф1 нема триумф ниту појавување на подиумот повеќе од три сезони. Тоа одамна ја има вклучено сијаличката за аларм. Засега сите погледи се вперени кон Honda како главен виновник.

Затоа тимот веќе размилсува за некоја драстична промена со која ќе може работите да тргнат во позитивна насока. Според пишувањето на Autosport, тимот на McLaren размилсува да го смени снабдувачот на мотори и во иднина да користи мотор на Ferrari.
Ако тоа од една страна е сосема нормално ако се гледаат предвид резултатите на италијанскиот тим, идејата McLaren да купи мотори од својот голем ривал на патеката од друга страна изгледа незамисливо.

Поверојатно е дека McLaren ќе почека до крајот на сезоната да види дали Honda ќе успее да направи подобри мотори, а во спротивно ќе размислува за враќање кон моторите на Mercedes. Но, секако сите опции се отворени, и ќе зависи и од другите тимови какви с енивните размислувања за следните сезони.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK