Бузалковски со злато и сребро од првиот БМУ викенд

ОБЈАВЕНО НА:

На стартот од сезоната во БМУ мото шампионатот, претставникот на Македонија, Христијан Бузалковски имаше одличен старт. Со второ место на првата трка и победа на втората во викендот на патекате во Сер тој одработи одлично и успеа да освои голем број на бодови.

Бузалковски во саботата имаше тежок ден. Во класата СП 125 тргна одлично, но уште во првиот круг се соочи со технички проблеми. Поради удар во асвалтот шалтерот за менување на брзини се искривил и морал до крајот на трката да менува рачно што го чинеше победа, но финишираше на 2. позиција.

Затоа успеа да надомести во втората трка кога ја остави својата конкуренција цели 15 секунди зад себе и покажа дека сезонава оди на титула во севкупниот пласман во оваа класа, а со одличниот резултат на стартот од сезоната го има лидерското место.

Христијан Бузалковски беше единствениот претставник од Ендури Тим Водно на првиот викенд од новата сезона во БМУ шампионатот, но немаше среќа за бодови и во посилната класа Ф600. Таму се соочи со проблеми уште во првата трка. Неговиот мотоцикл загуби сила на стартот од трката, но не успеа да го поправи и да го подготви за настап на втората и остана без бодови.

Македонија имаше свој претставник и во Ф1000 каде Слободан Ивчевски од МК Сакамото тргна во новата сезона како шампион. Тој настапи и на двете трки. На првата тргна од 10. место и финишираше како седмопласиран, додека втората трка ја загуби во битката со Бурак Албајрак од Турција.

Следниот викенд од БМУ шампионатот е на 12 и 13 мај во Романија каде на патеката Аданката ќе се возат исто така две трки.