Бузалковски четири часа на трка со „Томос“ со најдобрите од Балканот

ОБЈАВЕНО НА:

Младиот мотоциклист кој сезонава има одлични настапи на БМУ Европскиот брзински шампионат во класата СП 125 викендов ќе има нов предизвик и ќе настапуви на патеката Ада Хуја во Белград. Тој ќе вози за тим од Србија на Мопед Ендуранс трката.

Се работи за трка организирана на високо ниво, а се работи за трка со мотори „Томос“, а истата ќе трае четири часа.

„Ова ќе биде забавна трка. Морам да признаам дека сум возбуден бидејќи првпат ќе се натпреварувам на ваква трка која ќе трае цели четири часа. Особено ќе биде интересно што ќе се возат Томос мотори, а на самиот натпревар ќе има многу познати мотоциклисти од Балканот. Чест ми е што ќе бидам меѓу нив и се надевам дека ова ќе биде и одлична трка и можност за одлична забава“, вели Бузалковски.

На овој начин тој ќе ја одржи формата на високо ниво и ќе може да остане во натпреварувачки ритам и во текот на летото со оглед на тоа што е пауза и што во моментов нема трки во БМУ шампионатот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK