Во новата сезона Игор Стефановски ќе се трка со нов автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Најтрофејниот македонски автомобилист Игор Стефановски Иџе сезонава ќе вози нов автомобил. Промоцијата на возилото со кое Иџе повторно ќе се бори на европските патеки е закажано за утре. Иџе и неговиот тим треба да ги кажат и плановите за сезонава и на кои трки ќе вози Стефановски.

Она што е познато е дека возилото со кое Иџе ќе настапува е од брендот Hyundai, најверојатно новиот i30 N што е специјално направен за тркање. Стефановски уште лани имаше тестирања на патеката Нуволари во Италија на моделот Hyundai i30 N TCR.

Стефановски последниве две сезони возеше во Европскиот куп на туристички автомобили. Се натпреваруваше со возило Seat Leon TCR. Претходно две сезони беше европски првак на ридски патеки.