Успеа протестот: Трката на Водно откажана – се бараат оставки од АФМ (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Ридската трка на Водно што беше закажана за викендов нема да се одржи бидејќи биле пријавени само седум натпреварувачи, четири од Македонија и три од странство. Протестот што го организираа голем број на познати натпреварувачи успеа, и наиде кај масовен одзив, трка не се одржа, и веројатно набрзо ќе се стави крај на проблемите што со години се влечат во авто спортот, и каде неколку години нема официјално натпрварување.

Возачите возат надвор од Македонија со странски лиценци, а само неколкумина се појавуваат на трките што се одранизираа дома, иако најчесто нема трки или истите се откажуваат поради немање доволен број натпреварувачи во класите. И покрај многуте судски пресуди, сѐ уште неможе да се преземе федерацијата на мирен начин и да се продолжи со оргзнизирање трки како што тоа беше во минатото.

Публикувахте от Miki Delev в 19 август 2017 г.

Протестот што се организираше имаше за цел да се даде поддршка за македонските автомобилисти и спас за автомобилизмот во Македонија, но да се побара повторно, сега уште погласно, оставка за раководството на Автомобилистичката федерација на Македонија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK