Тројца возачи на АКК „Никола Карев“ на ридска трка на Косово

ОБЈАВЕНО НА:

Во недостаток на трки на домашно тло македонските возачи се снаоѓаат кој како знае, па најчесто учествуваат на трки надвор од Македонија. Викендов тројца членови на АКК „Никола Карев“ ќе возат на ридска трка на Косово.

Ова ќе биде првпат окој клуб да учествува на трка што се вози на оваа патека – Пуска што се наоѓа во близина на Призрен. Трите возила што се подготвени за оваа трка ќе ги управуваат: Никола Попевски (Yugo 1150 sm3), Филип Џуклески (Yugo 1150 sm3), Југослав Милошевски (Opel Corsa 2000 sm3).

Патеката е долга 2.800 м., а ќе има две возења па потоа се собираат постигнатите времиња и се одредува конечниот пласман.
Квалификациите се возат во сабота, а трката е во недела.

Членовите на АКК „Никола Карев“ годинава возеа „слалом“ во Призрен, на ридска трки кај Превала и Урошевац, и кружна трка во Кичево.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK