Страшна несреќа на Спа Франкоршамп, двајца завршија во болница (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

На познатата патека во Белгија, Спа Франкоршамп на трката Lamborghini Super Trofeo дојде до страшна несреќа во која еден возач и еден од судиите завршија во болница. За среќа и двајцата се надвор од животна опасност.

Возачот од Шведска, Фредик Блоштет во моментот кога беше лидер на трката која требаше да трае уште девет минути, имаше контакт со автомобилот на Лукас Маурон и притоа ја загуби контролата и удри во заштитниот ѕид направен од гуми. Зад гумите стоеја четворица судии, а еден од нив настрада.

Тројцата други судии немаа потреба од помош на лекарите. Тие успеаја навреме да се тргнат и да се спасат од повредени, но еден немаше таква среќа и мораше да интервенираат и докторите. Среќа во несреќа е тоа што мина со повреди кои не се опасни по живот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK