Станете рели тркач со помош на Porsche

ОБЈАВЕНО НА:

Ако на момент некогаш сте посакале да станете актер во мото спортот, или се уште посакувате тогаш тука е Porsche да ви го оствари вашиот сон. Германскиот производител започна со реализација на проектот за избор на најдобар тркач кој ќе добие целосна обука од Porsche на патеката во Барселона.

Проектот кој има натпреварувачки карактер започнува со квалификации на играта Forza Motorsport 7, а потоа на специјален настан кој ќе се одржи во германскиот град Келн, победниците на оваа игра ќе се соочат еден против друг.

Четворицата најдобри од овие дуели на крајот ќе добиат можност да тестираат Porsche 911 GT3 RS во Лајпцих, на крајот на август. Секако ова тестирање ќе има и едукативен карактер така што стручни лица на германскиот производител ќе одржат обука за спортско возење. Оваа вежба ќе биде повторена и во Унгарија на славната патека Хунгароринг.

Најдобриот ќе добие шанса да учествува на Porsche Master купот кој од 25 до 28 октомври ќе се одржи во Барселона.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK