Скопје 2017: Симоновски со Honda Integra им одржа лекција на многумина на тренингот (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Возачот на АКК Примо авј, Влатко Симоновски постигна најдобро време на тренингот на кружната трка што утре треба да се вози по улиците на Скопје. Со Honda Integra, тој патеката ја извозе за 1:12,082 мин. возејќи притоа со просеќна брзина од 102,38 км/ч.

Тој се натпреварува во Дивизија 2 каде има вкупно седум возачи, а притоа и двајца странски натпреварувачи. На утрешнатa трка се очекува да стартуваат сите 38 возачи од неколку земји. Сите се поделени во четири дивизи.

По седум годишна пауза од одржувањето на последната кружна трка во Скопје, ова е обид за повторно враќање на авто спортот во Македонија.

Резултати од тренингот

Фото галерија од тренингот

Фото: Орце Поповски

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK