Сакале да го украдат телото на Енцо Ферари и да бараат откуп

ОБЈАВЕНО НА:

Италијанските истражители потврдија дека осуетиле обид за крадење на телото на починатиот Енцо ферари, легендарниот пионер во Ф1, и да бараат откуп за негово враќање.

Ферари е основач на познатата компанија која произведува спортски автомобили, и почина на 90 годишна возраст во 1988 година. Тој беше човекот што од компанијата каде заштитен знак е исправено црно коњче направи светски бренд.

Полицијата во Нуоро на островот Сардинија изјави дека се сомнева дека банда планирала да бара откуп од семејството или компанијата откако ќе го украле телото. Нема други податоци околу ова, а ова било откриено во акција во која било пронајдено оружје и дрога.

Ферари е погребан во семејна гробница во Модена, во близина на фабриката во Маранело

Следете не и на:

24AUTO NETWORK