Петмина Македонци на ридска трка во Бугарија

ОБЈАВЕНО НА:

Додека да почне домашното првенство на Македонија во автомобилизам на ридски и кружни патеки дел од натпреварувачите веќе ги подготвија возилата и ќе имаат „меѓународен тренинг“ и тоа во Бугарија. Викендов во Благоевград се вози ридска трка на која има пријавено 50 натпреварувачи од Бугарија, Македонија и Грција.

Од Македонија за оваа трка се пријавени:
* Дарко Ангеловски – City (Citroen Saxo)
* Филип Дамевски – City (Citroen Saxo)
* Слободан Трајковски – Zastava Yugo
* Ванчо Мижовски – Zastava Yugo
* Тихомир Балевски – Prospeed (Subary Impreza)

Досега македонските возачи многу често настапуваа во странство во недостаток на домашни трки. Сега веќе е објавен и календарот за 2018 година во која е предвидено да има четири ридски и исто толку кружни трки. Од нив две ќе се возат за ЦЕЗ.