Нов обид за успешна трка: Закажана ридска трка на Водно во август

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилистичката федерација на Македонија за крајот на август закажа нова трка, повторно на Водно како дел од првенството на Македонија. Истата беше претходно најавена за мај, но потоа беше откажана.

Овојпат трката треба да се вози 19 и 20 август. Краен рок за пријавување е 10 август. Стартот е 50 метри од стариот хотел Панорама, а целта е 500 метри под хотел Водно. Должината на патеката е 3.500 метри.

* Правилник за трката на Водно

На почетокот на јуни беше одржана трка во Пробиштип на која настапија само шест тркачи, од што пет Македонци и еден гостин од Бугарија. На таа трка имаше возачи од три клубови.За разлика од оваа трка, викендов во Кичево повеќе клубови направија меѓу клупски натпревари и имаше над 20 возачи.

* Резултати од првата трка во Пробиштип

Интересно е што повторно е распишана објава за одржување на трка, а неколку години нема одржано првенство на Македонија, ниту пак сега е објавен календарот на трките што ќе се возат и колку е минимум потребно за прогласување на прваци. На сајот на АФМ нема календар на трки, нема ниту информација за новата сезона.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK