Нов „летечки Македонец“: Давидовски наш прв тркач во TCR првенството на Европа (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Промовирајќи го автомобилто со кој ќе настапи сезонава во новата TCR тркачка серија, Виктор Давидовски ќе биде новиот „летечки Македонец“ на патеките нив Европа.

По бројните успеси во неговата досегашна тркачка кариера, Давидовски го прифати новиот предизвик, па во цвено-белите бои на PSS Racing Team, премиерно ќе го вози новото спортско возило – Honda Civic Type R TCR.
Од декември 2017, спортските автомобилски трки (TCR) добија нова димензија – Europe TCR Series, кои ќе се одржуваат под закрилата на FIA, Eurosport Events Ltd (EEL) и WSC Ltd.

За Европскиот TCR шампионат се отворени 26 места, а за сезоната 2018, една од нив му припаѓа на нашиот Виктор Давидовски во боите на PSS Racing Team

Давидовски е познат на домашната и меѓународната автомобилска сцена по 20-те извозени сезони, каде од 1998 до 2010 година тој настапуваше во шампионатите на Македонија на кружни и ридски патеки, а потоа започна да настапува во шампионатот на Србија на кружни патеки во најмногубројната класа хибрид.

Минатата година, Давидовски го освои 10-тиот шампионски пехар во својата кариерата, па овој успех заедно со успешната трка на издржливост, која се одржа на познатата Ф1-патека – СПА Франкоршамп, во рамките на 24h TCE Serie, го навестија и неговиот следен чекор.

Сезоната во TCR ќе стартува со трката на 5-6 мај, на стазата CIRCUIT PAUL RICARD, LE CASTELLET во Франција, по која ќе следи трката на 20-21 мај на стазата CIRCUIT ZANDVOORT во Холандија.
Во периодото јуни-октомври е закажана по една трка месечно, и тоа на 9-10 јуни на стазата CIRCUIT DE SPA-FRANCORCHAMPS во Белгија, на 7-8 јули на стазата HUNGARORING во Унгарија, на 18-19 август на стазата TT CIRCUIT ASSEN во Холандија, на 22-23 септември на стазата AUTODROMO DI MONZA во Италија и на 20-21 октомври на стазата CIRCUIT DE BARCELONA CATALUNYA во Шпанија.