SCHUMACHER Mick (DEU), SJM Theodore Racing by Prema, Dallara Mercedes, Ambiance Portrait during the 2017 Formula 3 and FIA GT Macau Grand Prix at Guia International Circuit from november 17 to 19 - Photo Antonin Vincent / DPPI

Мајк Шумахер: Сакам да бидам на врвот!

ОБЈАВЕНО НА:

Мајк Шумахер  е пред втората сезона во Формула 3. Синот на познатиот Михаел Шумахер изјави дека се чувствува подготвен и дека неговата цел е да стане еден од најдобрите.

“Со добро чувство влегувам во новата сезона, имав голема подготовка, одличен  тест и се чувствувам сосема подготвен”, изјави Шумахер. Тој додаде дека неговата цел е да стане еден од најдобрите возачи и дека за исполнување на таа цел е спремен да даде се од себе.
“Со сигурност можам да кажам дека мојата цел е да бидам еден од најдобрите. Се разбира дека цел на секој возач е да го освои шампионатот, но најважно за мене е да го дадам најдоброто од себе, сите 100 проценти. Не сакам да зборувам премногу, сакам да возам!” изјави синот на легендарниот Михаел Шумахер.

Младиот Шумахер претстојната сезона ќе вози за италијанскиот Према Рејсинг. Во минатата, дебитантска сезона во Формула 3, Мајк беше дванаесетти во вкупниот пласман, а неговиот најдобар резултат беше трет во Монца во април 2017 година.

Претстојната сезона на Формула 3 ќе започне на 12 мај во францускиот град По, и ова ќе биде последната сезона што ќе се одржи според сегашните правила. Од следната година, Формула 1, Формула 2 и Формула 3 ќе се одржат истиот викенд, моделирани на Мото ГП, Мото ГП2 и Мото ГП3.