Хамилтон ќе му биде ментор на Шумахер

ОБЈАВЕНО НА:

Синот на иконата во Формула 1 – Мик Шумахер мина време во тестирање на новиот болид во Формула 3. Во 2016 година Мик беше возач во Германска и Италијанска Ф4, а в година може да се види како напредува во Формула 3.

Од минатиот месец Мик добива нов потстрек со тестирања на Нирбургринг и Спа, а претходните денови направи и фотки што ги објави на социјалните мрежи од неговото тестирање на Силверстон.

Околу неговиот развој на патеката не се грижи било кој, туку самиот Луис Хамилтон. Менаџерот на Михаел Шумахер – Сабине Кем, изјави дека Шумахер јуниор ќе продолжи да учи и да оди чекор по чекор, и во тој развој ќе му помага Луис хамилтон, и под негово менторство на Мик би требало да му биде полесно во развојот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK