Geely купи тркачка патека во САД

ОБЈАВЕНО НА:

Еден од најголемите кинески производители на автомобили Geely потврди дека купи тркачка патека во Соединетите Американски Држави.

Станува збор за Utah Motorsports Campus кој претходно е познат под името Miller Motorsports Park. Се наоѓа во близина на градот Туел, во сојузната држава Јута и се простира на површина од 207 хектари. На оваа територија се наоѓа кружна патека од 7.14 км, картинг стза со должина од 1.44 км, стаза за т.н. rock-crawling како и Nitro World Games.

Оваа патека е изградена во 2005 година од страна на Лери Милер, а официјално отворена по една година. Во изминатиот период оваа патека беше домаќин на бројни настани меѓу кои како поважни може да се издвојат: FIM Superbike World Championship, American Le Mans Series, Grand-Am Road Racing Championship, Pirelli World Challenge и NASCAR.

Инаку овој производител уште пред неколку месеци ги објави своите амбициозни планови за освојување на американскиот и европскиот пазар, па по отворањето на дизајнерски центар во Германија, ова е друга активност во насока на реализацијата на своите амбициозни планови.