Бронза за Станковиќ на трка во Грција

ОБЈАВЕНО НА:

Младиот мотокрос возач Христијан Станковиќ од Ендуро Тим Водно викендов освои трето место на трка во Грција. Дури и со еден тренинг на патеката тој обезбеди стартно место.

Станковиќ беше во водство неколку кругови, но хендикеп беше што тој не ја познаваше патеката во Превеза, Грција . Тоа им овозможи на оние со поголемо искуство лесно да ја извозат трката.

На крајот третото место за Станковиќ секако е успех, најавувајќи дека на секоја трка ќе биде меѓу фаворитите за победа.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK