Зошто прозорците на авионите се заоблени?

ОБЈАВЕНО НА:

За авиосообраќајот важи правилото дека е најбезбедниот, но и понатаму кај луѓето важи за опасен и предизвикува многу повеќе страв отколку патувањето со автомобил, автобус или воз. Сепак, и покрај тоа е најбрзиот превоз и сè повеќе се користи.

Веројатно некој од патниците си има поставено прашање зошто прозорците во авионот не се во форма на квадрат или правоаголник туку се елипсовидни. Одговорот е дека формата е диктирана од страна на инженерите.

Интересно е да се одбележи и тоа дека во првите патнички авиони прозорците биле правоаголни. Такви биле авионите во 50-тите години на минатиот век. Сепак, сè се менува при првите обиди за воведување на авионски мотори. Првите тестирања се во Велика Британија во 1954 година, а два иновациски авиони „Комета“ со правоаголни прозорци се распрснале во воздухот.

Објаснувањето е едноставно – геометрија. Правоаголниот прозорец има четири агли односно четири слаби точки. Најголемиот притисок кај прозорците се точно на аглите и оттаму и тргнуваат пукнатините.

Авионот однадвор е подложен на голем физички притисок. Постои и голема промена на температурата и притисокот за време на летот, полетувањето и слетувањето. Разликата во притисокот од надвор и внатре во авионот може да биде дури трипати.

Како резултат на тоа при користење на правоаголни прозорци се амортизира металот, кој може да предизвика несреќа бидејќи материјалот од кој е изработен надворешниот дел станува ранлив на местата каде што би биле аглите на прозорците. Сосема друга е ситуацијата кога станува збор за заоблени прозорци. Тука каков и да е притисокот, тој е рамномерно распореден и нема точка за критичен притисок.