Wizz Air „држи“ повеќе од 60 отсто од авионскиот сообраќај во Македонија

ОБЈАВЕНО НА:

Според податоците од првите шест месеци годинава преку двата меѓународни аеродроми во Македонија биле превезени 1.041.383 патници, што претставува значителен пораст од 21 отсто за период од една година.

Нискотарифната компанија Wizz Air ја зголеми својата доминација на пазарот и сега учествува со 63,3% од сите патници кои патуваат во и од земјата. Оваа компанија услужила 659.195 патници во Македонија во текот на шестмесечниот период.

Потоа има голема дупка, па следува турски авиокомпании Turkish Airlines на второ место со учество од 8,1% патници, па Austrian Airlines со 5,1% од пазарот, Germania Flug има удел од 4,6% итн. Заеднички, двата аеродроми во Македонија ја надминаа просечната стапка на раст на патниците во Европа, која изнесуваше 6,1%.

Истанбул останува најпопуларна дестинација од Македонија (ако се земат предвид патниците на дват ааеродорми, Ататурк и Гокчен) со околу 11% од сите патници што патуваат меѓу двата града. Потоа следува Цирих со удел од 8,5%, па Базел со 5,8%, Виена со 5,1%, Малмо со 4,6% и Братислава со 3,5%.

Словачкиот главен град, кој го опслужува Wizz Air од Скопје, досега е најбрзорастечка рута оваа година, со двојно зголемување на бројот на патници.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK