Внимавајте: Овие работи најмногу се забораваат во авион

ОБЈАВЕНО НА:

Порталот за туризам, Business Traveller се погрижи да направи список со кој ќе го олесни патувањето со авионите. На списокот се нешта кои патниците најчесто ги забораваат во авионот после слетувањето.

На овој портал пишуваат дека патниците толку често ги забораваат работите во авионите што многу авиокомпании веќе почнале да нудат специјални услуги, со цел да ги најдат сопствениците на загубените работи. Како пример, во 2017 година Hong Kong Airlines спроведуваат онлајн услуга наречена We Found service, со која им помагаат на клиентите да си ги најдат загубебите работи. Кон крајот на февруари со помош на оваа услуга биле пронајдени 2926 загубени работи.

А што најчесто забораваат патниците во авионите?

На прво место на листата се најдоа таблетите, кои луѓето сè почесто ги забораваат поради навлегувањето на Wi-Fi во авионите за време на летовите.

Втори во класификацијата се смартфоните. Исто како и таблетите и смартфоните се важни за птаниците со оглед на тоа што комуникацијата за време на патувањето станува сè подостапна. Телефонот, сепак, е неопходен за патниците после завршувањето на летот, со оглед на тоа што со неговата загуба се губи и врската со останатиот дел од светот.

На 3. место се најдоа гумените перничиња за спиење, кои патниците можат да ги постават на секое место околу седиштето.

На списокот на најзаборавани работи во авионите уште се и шишиња со вода, облека (јакни, блузони, капчиња), шалови, очила за сонце, електричен

За да се избегне губењето на предметите, експертите препорачуваат пред напуштањето на авионот да се проверат сите џебови и местото за оставање на багажот во близина на седиштата, независно дали сте го користеле или не.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK