Важен совет: Во авион немојте да спиете при полетување и слетување

ОБЈАВЕНО НА:

Веројатно му се има случено на секого, но убаво е да се знае да не се повторува во иднина. Откако ќе ги средите сите работи пред патување со авион односно сте го поминале бордингот и сте се качиле во авионот сакате да се опуштите. Можеби си пуштате музика и се готвите веднаш да потонете во длабок сон.

Доколку е така тогаш правите голема грешка, која може да го изложи вашето здравје на голем ризик. Ова е информација која е посочена од страна на Travel + Leisure. Според MedlinePlus, спиењето за време на полетување или слетување може сериозно да предизвика повреда на вашите уши. Сето тоа е поврзано со брзите промени на воздухот во кабината.

Ако сте будни, природниот одогoвор за ублажување на притисокот на вашето ушно тапанче при полетувањето и слетувањето е брз. Ако заспиете во авионот, не можете активно да реагирате за да ги опуштите мускулите и да го ослободите притисокот.

Тоа ве прави и склони кон вртоглавица, инфекција на ушите, расипување на забите, губење на слухот и крварење од носот.

„Брзата промена на висината влијае на влегувањето на воздухот во увото. Тоа води до вакуум во естахиевата труба и ушите се затнуваат“, објаснува Ангел Чалмерс, фармацевт од Велика Британија.

За да го избегнете тоа едноставно останете будни додека авионот полетува. После тоа слободно опуштете се и отспијте, но замолете ја стјуардесата да ве разбуди пред слетување.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK