Туристите во овие градови трошат најмногу

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Mastercard го објави годишното истражување на Global Destination Cities Index,кое покажува колку пари имаат потрошено туристите во 162 града низ светот во 2017 година.

Лидерот во рејтингот на општата потрошувачка на странците во минатата година е Дубаи во Обединетите Арапски Емирати. Туристите рекордните 29,7 милијарди долари ги имаат потрошено во продавниците и во рестораните. Средни секој турист има потрошено по 537 долари на ден. Според Mastercard во 2017 година Дубаи бил посетен од 15.79 милиони туристи.

На второто место е градот Мека во Саудиска Арабија. Тука туристите во текот на минатата година потрошиле 18,45 милијарди долари. Секојдневната потрошувачка е некаде околу 135 долари. Следуваат Лондон (17,45 милијарди долари), Сингапур (17,02) и Бангкок (16,36).

Во Њујорк туристите имаат потрошено 16,1 милијарди долари додека во Париз бројката е 13,05. Следува Токио со 11,91 милијарда долари.