Top дестинации во светот, корисни за вашето здравје

ОБЈАВЕНО НА:

Сте размислувале ли да одите на одмор на место на кое ќе можете да се посветите исклучиво на себе и да заборавите на секојдневието. Тоа значи да уживате неколку денови без Wi-Fi, без телевизија.

Има неколку дестинација на кои можете да го направите тоа, а воедно и да уживате во убавата храна, во сонцето, мирот, термалните извори.

Следните десет места се препорачани за да можете убаво да се одморите и да заборавите на сè околу вас.

Пуља

Ова место во близина на Лече на југот на Италија произведува повеќе од 40 проценти на масло за јадење во Италија со Cucina povera (селска кујна), базирана на едноставни продукти од земјата. Пуља е идеално место за да се насладите на медитеранската исхрана која е признаена и од УНЕСКО и е одлична за намалување на ризикот од срцев удар.

Австрија

Долината Гаштајн во Австрија е полна со 18 различни видови на минерални термални извори и е единственото место во светот кое нуди лековита моќ благодарение на богатството на радон. Можете да седнете во пештерите Heilstollen, за да го проголтате радонот, кој помага за регенерирање на клетките, ублажување на болките и зајакнување на вашиот умонолошки ситем.

Португалија

Дивиот и недостапен реон Алентежу во Португалија зема една третина од земјата, но во него живее само 5% од населението. Резерватот „Алева темно небо“, кој ја опкружува границата со Шпанија нуди неверојатно јасно небо и неверојатни можности за набљудување на ѕвездите.

Исланд

Преку лето одалечениот полуостро Трол во Северен Исланд има 22 часа сончева светлина преку ден и пријатна температура од 17 до 20 степени. Таму можете да се наполните со витаминот Д, додека се капете во геотермални базени, но можете и да уживате во јавање коњи или да одите на риболов и на лосос до доцна во ноќта.

Монголија

Огромната и изолирана пустина Гоби во монголија е тивко, празно и речиси непогодно место, кое е целосно надвор од мрежата без телефонска покриеност, без интернет и со само неколку соларни панели за електрично напојување. Тука можете да го смирите вашиот ум, да ги исклучите уредите и да преживеете неверојатни сцени. Можете да бидете во некој луксузен камп со јога и медитација.

Корнуол

Mounts Bay во Корнуол е регион, создаден за оние кои сакаат да творат. Полн е со семинари, филски проекции и исполнувања во живо во современи уметнички галерии во Пензанс.

Тајланд

Пукет е брилијантно место за разновидно секојдневие. Тука можете да се занимавате со трчање, планинарење и водни спортови. Ова место се состои од 70% од планини од север на југ, како и 30% рамнини и е заобиколен од океан.

Камбоџа

Ако ви е здодевно од секојдневната рутина упатете се на пауза во Сием Реп во Камбоџа. Само пешачењето до храмот ќе ве исполни. Посетителите се упатуваат кон напуштениот комплекс Ангкор Ват пред зората, по најуникатната маршута во светот, почнувајќи и завршувајќи во Ангкор Ват и минувајќи низ најзначајните историски обележја на паркот.

Фуертевентура

Ова е еден од канарските острови кој има добро време во текот на целата година, но и топло време и ветрови кои го прават местото Мека за сурфери. Тука има 150 километри бело песочни плажи, па никогаш не сте далеку од брегот.

Нов Зеланд

Оваа земја е прекрасна за почетници, но и за искусни туристи. Јужните алби со своите снежни врвови на Јужниот остров во Нов Зеланд се идеално место на природата. Ќе се насладите на ледените езера и уникатната клима.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK