Тајни што не сте ги знаeле од кокпитот на авионот…

ОБЈАВЕНО НА:

Вечното прашање околу тоа дали телефоните треба да бидат изгасени за време на летовите или можат слободно да бидат вклучени и понатаму се тема на многу прашања. И понатаму постои размислување околу тоа дали навистина има причина за стрвување и што навистина се случува зад затворените врати на кокпитот додека патниците само чекаат да стигнат безбедно на местото на кое патуваат.

За ова прашање говори пилотот на Jetstar од Австралија, Брет Мандерс, кој ги појаснува работите во интервју за “Daily Mail”. Тој одговара и неколку други прашања, покрај она што секако најмногу ги интересира сите патници со авион.

Едно од прашањата беше дали авионот навистина испушта отпад во воздух во текот на летото.

„Не. Тоа не е точно. Целиот отпад, вклучувајќи го и оној од тоалетите останува во тенкови додека авионот не слета, а потоа комплетниот отпад се чисти и се празни од тенковите. Можете да бидете сигурни дека после вршењето на потребите во тоалетите ништо нема да заврши во атмосферата“, вели Мандерс.

На прашањето зошто пред летото сите се предупредени на безбедносна позиција за наведнување нанапред во случај на принудно следување, пилотот одговара:

„Ако дојде до неочекувани ситуации и авионот мора принудно да слета тогаш таа позиција ќе биде од помош за да се избегнат евентуални повреди од предмети кои можат да паднат при такво слетување“.

Пилотот вели дека не постои „најбезбедно“ седиште во авионот и дека сите места се еднакво безбедни. Сепак, многу од патниците стравуваат дека во текот на летот може да се случи некој да се обиде да ја отвори вратата како во холивудските филмови, но пилотот порачува дека тоа не е можно.

„Како да имате пренапумпана фудбалска топка и се обидувате да ја притиснете, но не можете. Така е и со вратите на авионот. Предната врата прво се отвара кон внатре, а потоа се турка кон надвор и поради силниот притисок не можете да ја отворите рачно“.

Во текот на неговото десетгодишно искуство имал само еден смртен случај во текот на лет.

„Персоналот е обучен за вакви ситуации. Способен е за го изолира починатиот патник од другите со максимална дискреција“.

Тој вели и дека турбуленциите не треба да ги загрижуваат патниците иако знаат да бидат многу незгодни.

„Ниту пилотите не ги сакаат турбиленциите исто како и патниците. Затоа се трудиме на секој можен начин да ги избегнеме. Сепак, нема причина за грижа“.

На прашањето со телефонот што навистина се случува доколку не вклучите “flight mode” на него, Мандерс вели:

„Тоа ќе предизвика пречки во слушалките на пилотот како незгодни звуци особено ако се активни поголем број на уреди. Ова правило за префрлање на режимот на работа на телефонот во авион не е неопходно само за патниците туку и за пилотите и за персоналот во кабината“, заклучува Мандерс.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK