Со македонски пасош без виза се патува во 125 земји

ОБЈАВЕНО НА:

Времето на постојано вадење визи е зад нас и во најголем дел од земјите од Европа сега македонските граѓани можат да патуваат слободно. Се разбира постојат земји во кои домаќините бараат да поседуваме соодветна виза, која често чини и доста пари, но и време, а понекогаш и нерви. Во моментов македонскиот пасош ни овозможува да патуваме во 125 земји без виза.

Во однос на нашите соседи и земјите во блиското пкружување македонскиот пасош е „посилен“ од оној на Албанија, Црна Гора, Турција, Молдавија, БиХ, Косово. Нашите соседи од север, Србија можат да патуваат во пет земји плус, а со хрватски, бугарски и романски пасош се патува слободно во 169 земји.

Колку помалку граници се минува без визи толку и пасошот на таа земја е посилен. Тоа овозможува полесно и поевтино патување.

Според истражувањето направено од Henly &Partners во 200 држави, територии и микродржави направена е класификација за „силината“ на пасошот на одредена земја.

Највлијателните пасоши овозможуваат да се патува без проблеми во 189 земји и тоа без визи. Тоа им е овозможено на гражаните на Сингапур и Јапонија. Потоа следуваат Германците кои со својот пасош можат без проблеми да патуваат во 188 земји.

Во Топ-5 земји се: Швајцарија, Шпанија, Италија, Јужна Кореја, Франција, Финска и Данска – сите можат без визи да патуваат во 187 земји.
Потоа следуваат САД, В.Британија, Португалија, Холандија, Луксембург, Австрија и Норвешка – 186 земји.
Со пасош од Швајцарија, Ирска, Канада и Белгија се патува во 185 земји без визи.

Комплетниот список на земји и силината на нивниот пасош можете да го видите на следниот линк.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK