Пет тајни за патувањето со авион: Има ли пилот во авионот?

ОБЈАВЕНО НА:

Додека сте во авионот често се случува да го слушнете гласот на капетанот како се обраќа до патниците без разлика дали тоа е за да посака пријатен лет или да даде некаква информација околу условите за летање или за висината на која се лета.

Сепак, многу е интересно што се крие во кабината. Тоа е една мистерија за многумина од оние кои летаат.

Во продолжение ќе прочитате пет од тајните кои ги споделуваат самите пилоти од различни авио линии.

1.Автопилотот ја врши речиси целата работа

Пилотите се главно ангажирани со полетувањето и следувањето, додека другиот дел од летот го оставаат в рацете на автопилотот. Многу модерни авиони и аеродроми дури имаат и технологија „автоленд“ која дозволува автоматско слетување и обично се применува при влошени временски услови.

2.Пилотите често прават фотографии за време на летот

Се разбира ова не се однесува за секој пилот, но има такви кои сакаат да се фотографиите за време на замиот лет и дури поставуваат свои фотографии на социјалните мрежи.

3.Употребата на електрични апарати нема да предизвика несреќа

Иако тоа е едно од првите нешта кои ги слушаме откако ќе се стапнеме во авионот, користењето на телефонот нема да биде причина за несреќа на авионот. Во интерес на вистината нема документиран случај дека такво нешто се случило досега.

4. Авио компаниите ги тераат пилотите да летаат со најмалку можно гориво

Со зголемување на конкуренцијата цените на авионските билети стануваат сè подостапни, а тоа налага поддржување на високо ниво на ефикасност од страна на авиокомпаниите. Тоа означува дека пилотите често се принудени да летаат со гориво кое не е повеќе од она што е доволно, за да може авионот да биде полесен.

5. Се манипулира со времетраењето на летот

На почеток на секој лет добиваме информација околу тоа колку ќе трае летот. Авио компаниите често соопштуваат подолго времетраење на летот од она што е реално бидејќи се плашат од доцнење.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK