Ова се најскапите градови за бизнис патување

ОБЈАВЕНО НА:

Најчесто кога планираме одмор бараме дестинација каде ќе можеме да си поминеме ем добро, ем поевтино. Слично е и со бизнис патувањата. Секоја година расте процентот на бизнис патувањата, па затоа се гледа при планирањето на истите да се потрошат помалку пари и да се постигне подобар ефект.

Бизнис патувањата се во пораст низ целиот свет. Годишниот раст од 3,5% беше предвиден во 2016 година, според Глобалната бизнис туристичка асоцијација (GBTA).
Проекциите на организацијата за 2019 и 2020 година се соодветно зголемување од 6,1% и 7%.

Истражувањето на Expert Market ги рангираше градовите каде што деловните патувања се најскапи. Аналитичарите пресметале колку чини на ден за сместување, храна, такси или за рент а кар.

Еве ги градовите во светот каде што деловните патувања се најскапи. Овие износи се цената на ден за трошоците на вработениот.

21. Париз, Франција – 395 долари
20. Санта Барбара, Калифорнија, САД – 396 долари
19. Осака-Кобе, Јапонија – 398 долари
18. Ријад, Саудиска Арабија – 400 долари
17. Кувајт Сити, Кувајт – 408 долари
16. Тел Авив, Израел – 409 долари
15. Хонолулу, Хаваи – 411 долари
14. Сиетл, САД – 412 долари
13. Хонг Конг – 417 долари
12. Сан Хозе, Калифорнија, САД – 419 долари
11. Лос Анџелес, САД – 420 долари
10. Женева, Швајцарија – 432 долари
9. Базел, Швајцарија – 433 долари
8. Чикаго, САД – 444 долари
7. Вашингтон, САД – 462 долари
6. Лондон, Обединето Кралство – 467 долари
5. Цирих, Швајцарија – 472 долари
4. Токио, Јапонија – 489 долари
3. Бостон, САД – 511 долари
2. Сан Франциско, САД – 534 долари
1. Њујорк, САД – 549 долари

Следете не и на:

24AUTO NETWORK