Најпосетуваните држави од туристите во светот

ОБЈАВЕНО НА:

Во текот на целата година туристите ги има во голем број во повеќето држави, но на ранг-листата на врвот се наоѓа Франција, а е следена од страна на Шпанија и САД. Ова рангирање е направено од Светската туристичка организација при ООН (UNWTO) која изработи листа на годишните посети на земјите.

Околу 1,3 милијарди лица е бројот на туристи достигнат во 2017 година. Тоа е за 7% повеќе во однос на претходната година. Сумата која била потрошена при овие прошетки е 1,6 трилиони американски долари. На тој начин туризмот останува третиот најголем сектор од светскиот извоз.

На годишна база во 2017 година бил забележан најголемиот пораст на раздвиженоста туристите од 2010 година досега. Најмногу гости примиле европските и африканските земји, а бројот на туристите на овие два континенти во споредба со претходната година пораснал за 8 и за 9 проценти.

Најпосетуваните земји биле Франција, Шпанија и САД, но разгледувајќи ги податоците според порастот на приходите, најголемиот го имаат во САД. Таму туристите оставиле рекордни 210,7 милијарди долари. Шпанија е на второто место со 68 милијарди долари, додека Франција е третта со 60,7 милијарди долари.

Во однос на најголемите потрошувачи, таму Кинезите се без конкурнеција. Тие потрошиле 258 милијарди долари за една година.

ТОП 10 НА НАЈПОСЕТУВАНИ ДРЖАВИ ОД ТУРИСТИТЕ

1.Франција

2.Шпанија

3.САД

4.Кина

5.Италија

6.Мексико

7.Велика Британија

8.Турција

9.Германија

10.Тајланд