Најмногу одиме на летување, но: Грција сака да биде дестинација за цела година

ОБЈАВЕНО НА:

Се очекува 2017 година Грција да ја заврши со 30 милиони туристи што а посетиле земјата што би било за 9 отсто повеќе од лани. Нашиот јужен сосед е најпосетувана дестинација за време на летните одмори за македонските туристи.

Грција има намера да стане туристичка дестинација за целата година. Министерството за туризам во земјата започна долгорочна програма за привлекување странски посетители низ сите 365 дена од годината. Ова е објавено од страна на Travel Daily Media. Грција е најпосетуваната дестинација од Македонците за летните одмори, но и за викенди и други празници кога може да се спојат денови.

Долгорочниот план вклучува проширување на активната летна сезона, пристап до нови странски пазари, промовирање на грчките острови и летувалишта, развојот на тематски туристички производи, како и привлекување на инвестиции со додадена вредност.

Посебно внимание се посветува на развојот и популаризацијата на тематски искуства поврзани со културниот туризам, верските патувања, Патувања, пловење, нуркањето, отворените и алтернативни активности во природата (на пример пешачење, планинарење, качување, велосипедизам, итн ) и одмор, здравствен и велнес туризам, градски туризам и грчка гастрономија, базирани на здрава, вкусна и хранлива грчка храна.

Со оглед на плановите за 365-годишно одржлив развој на туризмот, спроведувањето на националните и регионалните политики ќе се одвиваат од грчкото Министерство за туризам во соработка со други министерства, сите 13 региони на земјата, локалните власти, коморите, туроператорите и приватниот сектор.

Во текот на последните две години туристичката заинтересираност за Грција постојано се зголемува. Така, во 2016 година, земјата ја посетиле 28 милиони странски посетители. Според прелиминарните податоци, собрани од сите официјални статистички извори, до крајот на 2017 година се очекува тие да надминуваат 30 милиони лица, што е за 9 % повеќе.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK