Најглупавите жалби на туристите

ОБЈАВЕНО НА:

Туристите се воодушевуваат од убавините на природата и местата што ги посетуваат. Но, секогаш има „умни“ туристи кои знаат на „одлепат зелена“ нешто од незнаење или сакајќи да се направт умни.

Една од најубавите плажи во Британија, плажата Глејз во Корнвел која е прогласена за најубавата во светот за 2017 година, сепак, не е толку беспрекорна како што изгледа. Претставниците на приватниот залив објавија критика на Фејсбук од еден посетител, кој се жали дека ја повредил ногата на карпа која се наоѓала на плажата.

„Нешто мора да се направи по повод на оваа карпа бидејќи е покриена со бранови и никој не ја гледа“, напиша една жена, која добила преку 100 одговори главно во шега или сарказам.

„Песок, карпи и бранови! Господе, па што се случи со нашите плажи?!’, стои во еден од нив.

Сепак, персоналот во ресторанот кој се наоѓа во овој залив вели дека еден од подобрите коментари кои ги добиле на некое прашање на еден посетител, бил: „Во кое време почнуваат брановите“. А имало и прашања од типот: „Каде се појавуваат делфините“ и слично.

Уште поинтересно е дека туристите ширум светот имаат навика да се жалат во целост на маргинални работи. Исто така еден корисник на TripAdvisor оставил само една ѕвездичка на нависоката планина во Велика Британија бидејќи била „премногу висока“.

Истиот случај е и со големиот кањол Колорадо, кој е „нешто специјално“. Или за операта во Сиднеј која изгледа како „оштетено јајце“ или за Лувр кој е „предосаден“.

Со плажите е малку поинаку, па така некои се жалеле на агенциите дека „песокот не изгледа како на сликата“.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK