Најевтините градови во Европа за убав есенски одмор

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата од Велика Британија, Post Office Travel Money ги публикуваше резултатите од традиционалното проучување City Costs Barometer, во кое се наброени најевтините европски градови за краток есенски одмор во 2018 година.

Експертите од компанијата ги споредуваат трошоците за сместување во соба за две лица со две ноќевања од 5 до 7 октомври во хотели со три ѕвезди низ 36 града низ цела Европа. Кон буџетот на патувањето се додадени и трошоци за шолја кафе, чаша вино, вечера, патувањето со јавен транспорт, влезници за музеи и обиколка на градот со автобус. Во него не влегуваат трошоците за пат.

Најевтината варијанта за есенскио одмор е Белград со цена од 165,62 евра. Потоа на 2. место следува Краков од Полска, а буџетот за ова патување е 188,47 евра. Главниот град на Литванија, Вилнус е на 3. позиција. Викендите во тој град ќе ве чинат околу 188,86 евра.

Меѓу првите десет најевтини места се и Букурешт (194.85 евра), Варшава (197.09 евра), Рига (203.02 евра), Порто (204.65 евра), Атина (222.25 евра), Братислава (225.61 евра). Изненадувачки Топ 10 го затвора Москва, каде еден викенд ќе ве чини 229,83 евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK