Кои се најбезбедните авио компании за 2019?

ОБЈАВЕНО НА:

Авионите важат за најбезбедното превозно средство, но повеќето патници не избираат со која авиокомпанија да патуваат по тоа која е најбезбедна туку бараат директна конекција или поевтин билет. Но сепак знаење дека патуваш во сигурни раце на десетици километри височина никогаш не е излишно. Тоа е причината зошто AirlineRatings ја рангираше најбезбедната авиокомпанија во почетокот на 2019 година.

Најбезбедна авиокомпанија е австралискиот Qantas. Компанијата е на прво место на листата од 2014 до 2017 година. За 2018 година таа нема таква титула, бидејќи порталот тогаш не состави листата – не можеше да биде издвоен еден јасен лидер меѓу авиопревозниците.

“Qantas е јасен победник, со оглед на нејзиното лидерство во индустрија за иновации во безбедноста”, гласи коментарот на главниот уредник на порталот Џефри Томас.

Тој посочува дека се анализирани податоците за вкупно 405 компании од целиот свет, за да избере кои 20 од нив се сигурни.
Користени се 12 различни критериуми за рангирањето вклучувајќи проверките од различните влади, институции за воздухопловна безбедност и водечки здруженија во секторот.

Сите авиопревозник во Топ 20 за безбедност се:
Air New Zealand,
Alaska Airlines,
All Nippon Airways,
American Airlines,
Austrian Airlines,
British Airways,
Cathay Pacific Airways,
Emirates,
EVA Air,
Finnair,
Hawaiian Airlines,
KLM,
Lufthansa,
Qantas,
Qatar Airways,
Scandinavian Airline System,
Singapore Airlines,
Swiss,
United Airlines
Virgin group

Следете не и на:

24AUTO NETWORK