Места кои мора да ги посетите пред да исчезнат

ОБЈАВЕНО НА:

Најомилените и популарни светски дестинации се наоѓаат под закана да ги снема, а како главна причина за тоа се споменуваат ерозијата и менувањето на климата. Сепак, има и безброј други фактори, кои играат улога за уништувањето на историски или природни објекти како што се воени конфликти, загадување од човечка дејност…

Овие закани не само што го заплашуваат историското знаење, туку и живеалиштата на илјадници видови животни и растенија кои се обидуваат да преживеат со менување на животната средина.

Дестинациите, кои се подредени во продолжение имаат огромна потреба од спас. Ако имате доволно среќа да посетите некое од овие преубави места, тогаш постапувајте внимателно, тоа може да го продолжи животот на овие неверојатни места уште малку.

  1. Мртво море

Се наоѓа на најниската точка на земјата (422 метри под надморската висина). Мртвото море е популарна дестинација со неверојатен пејсаж и легендарен состав. И се намалува со алармантно темпо како резултат на промена на климата и сушење на водата во главниот извор, реката Јордан.

2. Големиот корален гребен

Тоа е домот на илјадници морски видови покрај бреговит на Австралија. Се работи за најголемиот корален гребен во светот. Поради закана од смена на климата, прекумерен риболов и пловењето со бродов големиот корален гребен полека исчезнува.

3. Петра

Масивниот археолошки објект е познат по зградите издлабени во скали. Се нарекува „Розевиот град“, поради природната боја на каменот. Петра се руши од ерозијата и солената вода.

4. Кинески ѕид

Се простира од исток до запад, и е направен за да ја заштити Кина од непријателски инвазии, а денес е популарна туристичка дестинација. И покрај тоа што се направени големи напори да се обноват делови од древниот ѕид, тој уште е оштетен од ерозијата, а локалните жители ги продаваат циглите.

5. Гранд кањон

Дефинитивно една од 11-те најзагрозени туристички локации во САД. Во 2015 година тоа американско чудо на природата беше загрозено од рударскиот и туристичкиот сообраќај.

6.Малдиви

Од плажите со бел песок до чудесните сини води, островите на Малдиви се тропски рај. Сепак, како резултат на зголемувањето на морското ниво, островите кои се наоѓаат само на осум стапки на морското ниво, бавно потонуваат во Индискиот океан.

7. Науру

Островот Науру е втората најмала земја во светот после Ватикан. Науру е жртва како на промена на климата така и на неодговорниот економски расте, па островот е буквално е оштетен од добивањето на фосфор.

8. Пирамидите во Гиза

Овие мистериозни пирамиди во Египет се задолжително место за посета на секој турист низ светот. Тие се жртва на ерозијата.

9. Венеција

Нудејќи сè, од неверојатна куна до преубави прошетки со гондола низ каналите, Венеција го има најнеопходното за перфектен одмор. Со брзото покачуање на морското ниво таа се поплавува 100 пати годишно и е изложена на ризик да потоне потполно во следниот век.

10. Дождовната шума во Амазон

Се простира на импресивни 2 милиони милји. Дождовните шуми во Амазон се најголемите на земјата. Рударството и уништувањето на шумите го загрозуваат ова природно живеалиште на сите видови кои живеат таму.

11. Мачу Пикчу

„Изгубениот град“ на Мачу Пикчу се наоѓа високо на Андите и е исклучително место за туристите кои се најзапалени за посета на вакви локации. Древните руини на инките, сепак, и понатаму се изложени на ризик од ерозија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK