Ќе летаат од Северен до Јужен пол: Пат низ светот со авион за помалку од 50 часа

ОБЈАВЕНО НА:

Можеби мислите дека заобиколувањето на планетата со авион веќе не е голема работа, но не сте во право. Изненадувачки, заобиколувањето на светот од северниот до јужниот пол со авион е постигнувње направено само трипати досега.

Се работи за многу долг лет, па дури и при запирање за полнење на гориво, летањето преку неколку океани, како и долгото растојание меѓу Арктикот и Антарктикот бараат авиони за долги растојанија. Тие стануваат достапни првпат кон средината на 60-тите години од минатиот век. Покрај тоа патниците не се воодушевени да бидат затворени во авион 54 часа.

Првиот лет околу светот од пол до пол бил изведен во 1965 година со модифицираниот авион Boeing 707-349C, кој превезува 40 научници, гости и екипаж. За да биде можно патувањето, авионот, наречен Pole Cat (Поларна мачка) требало да биде модифициран со два дополнителни резервоари за гориво, монтирани во основната кабина. Времето на летот било 62 часа и 27 минути.

Во 1968 година над двата пола прелетува и авионот Convair 990 со 78 патници и екипаж на компанијата Modern Air Transport. Тој лет не поставил рекорд по брзина, а со полнење гориво на станицата МекМурдо на Антарктикот е првиот авион кој успева да дојде до седумте континенти.

Рекордот за брзина е на Летот 50 на Pan Am и тој стои без да биде подобрен 31 година до 2008 година кога авионот Bombardier Global Express успева да го сруши благодарение на перфектното планирање и пократките запирања за гориво.

После 41 година од последната авантура се планира лет со авион кој би требало да ги превезе патнизите над двата пола за време под 50 часа. Летот „Поларен експрес“ е предвиден за 26 октомври и би требало да тргне од аеродромот „ЏФ Кенеди“ во Њујорк и би требало да има околу 150 патници.

Маршрутата ќе биде со старт од Њујорк, а следниот аеродром е Рио Гаљегос во Јужна Аргентина. Оттаму Поларниот експрес ќе прелета над Јужниот пол и ќе продолжи до Перт во Австралија. Следната дестинација е Пекинг, а крајната етапа од патувањето е над Северниот пол и враќањето на аеродромот „ЏФ Кенеди“ во Њујорк.

Авионот за ова претстојно патување ќе биде Airbus A340-300 – голем, широк, со долги растојанија, со четири силни мотори. Билетите за летот се со цени од 11.900 долари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK