Градовите и земјите каде туристите веќе не се добредојдени

ОБЈАВЕНО НА:

Голем број на земји постојано ги канат туристите од целиот свет за да ги посетат за да можат да се развиваат и да имаат голема добивка од посетат, но има и такви земји и места каде што туристите се на „црна листа“. Во тие места локалното население не може да го издржи постојаното менување на нови лица и на доаѓањето на туристи, па затоа веќе е направена листа на места каде туристите и не се така пожелни.

Од Светскиот совет за туризан и патувања (WTTC) ги соопшти имињата на оние дестинации во светот кои се најоптоварени со туристи во текот на една година.

Најголем број на туристи во 2016 година ја посетиле Франција. Се работи за дури 82 милиони лица. Следуваат САД и Шпанија со по 76 милиони, па Кина со 59, Италија (53), Велика Британија (36), Германија 936), Мексико (36), Тајланд (33) и Русија (32). Тоа се топ 10 дестинациите според оптовареноста со туристи во една година.

Доста популарни земји се и Австрија, Малезија, Хонконг, Турција, Грција, Јапонија, ОАЕ и Португалија. Тие се веднаш зад то 10 земјите.
Во однос на градовите најинтересни за посети се Барселона, Амстердам, Венеција, Рим, Дубровник, а потоа следуваат Куала Лумпур, Макао, Прага, Варшава и Дубаи.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK