Градовите кои заработуваат најмногу од туристите

ОБЈАВЕНО НА:

Светскиот совет за туризам и патувања (WTTC) го претстави годишниот извештај на градови со најголем приход од туризмот. Објавени се 72 од најзначајните градови од гледна точка на туризмот, кои заедно во изминатата година дошле до приход од 625 милијарди долари.

Извештајот го потцртува брзиот раст на азиските градови особено оние во Кина. Половина од десетте најголеми градови во однос на размерот на туристичкиот пазар, базиран на БДП се во Азија.

На првото место е Шангај со 35 милијарди долари, а следува Пекинг со 32,5 милијарди долари. Потоа на 3. место е Париз (28 милијарди долари), па Орландо и Њујорк кои имаат по 24,8 милијарди долари приход.

Во топ 10 се најдоа и Токио (21.7 милијарди долари), Бангкок (21.3 милијарди долари), Мексико Сити (19,7 милијарди долари), Лас Вегас (19.5 милијарди долари) и Шенжен (19 милијарди долари).