Десет градови во кои може да се стоплите во зима

ОБЈАВЕНО НА:

Со паѓањето на температурите преку зимата небото станува сиво, а воздухот е студен и тежок за дишење.

Сепак, зимата не се чувствува секаде на ист начин. Постојат места на кои можете лесно да избегате на некое време и да соберете од Витаминот D.

Во продолжение можете да ги видите десетте места на кои ќе може да уживате во сонцето преку зима.

Лансароте, Африка

Благодарение на местоположбата во Западна Африка на островот нема да ви биде досадно бидејќи можете да го проучувате вулканскиот пејсаж од Националниот парк „Тиманфаја“, да сурфате на северните плажи или едноставно да се прошетате и да прочитате некоја книга на некоја од тивките плажи на Пуерто дел Кармен.

Гран Канарија

Главниот град на Гран Канарија, Лас Палмас е дом на еден од најдобрите плажи во светот, Плаја де лас Кантерас. За време на тивките зимски месеци плажите привлекуваат помалку туристи така што има доволно место да се насладувате на Сонцето и да се прошетате по плажите. На островот има и многу лозја.

Египет

За време на студените месеци температурите во Египет се од 18 до 20 степени и многу ретко врне. Во текот на целата година можете да ги потопите рацете во Црвеното море. Пониските температури ги прават знаменитостите попривлечни. Можете да отседнете во Каиро за да ги видите познатите пирамиди, да направи крстарење по Нил или да го посетите во еден ден древниот град Луксор.

Дубаи

Зимата е перфектно време за да го посетите Дубаи и да ги избегнете големите горештини во летните месеци, кои понекогаш знаат да бидат многу непријатни. Во јануари температурата во Дубаи е 24 степени, но во текот на ноќите е добро да имате потопла облека. Во Дубаи можете да пазарувате, да пробате интересна храна, да ги разгледате облакодерите меѓу кои е и највисоката града во светот Бурж Калифа и уште многу други нешта.

Кипар

Сонцето е присутно во текот на целата година на Кипар. Оваа дестинација нуди многу плажи, тивки градови и пејсажи кои го запираат здивот. На Пафос може да се видат древни рушевини, меѓу кои се и Гробниците на царевите, дел од светското културно наследство на УНЕСКО.

Бангкок

Во главниот град на Тајланд врне само еден до два дена во јануари и во февруари. Бангкок нуди разновидност во однос на активностите со кои ќе имате можност да избегнете монотонија во вашиот одмор. Можете да го посетите чудесниот паазр Chatuchak, како и храмот на Буда во Wat Pho, или да се возите на Sky Train, да се опуштите со тајландска масажа и да пробате улична храна.

Шри Ланка

Се одликува со разновидна култура и нуди подобри алтернативи од многу други острови во Индискиот океан. За да направите вистинско богатство од зимата можете да одите до еден од најодалечените острови, да посетите некоја од плантажите за чај или една од најубавите плажи во светот.

Австралија

Додека во некои земји зимата е тешка во Австралија тоа е време за плажа и море. Можете да го посетите Сиднеј, некои од националните паркови во земјата или убавите плажи.

Хонконг

Во јануари и февруари можете да го видите Хонконг во најдобро издание. Можете да се качите на историскиот Star Ferry, за да го видите најдобриот поглед кон градот или да јадете во еден од најевтините ресторани со три ѕвезди Мишлен во светот Tim Ho Wan, познат по својата неверојатна скара.

Орландо

Има само една причина за да го посетите Орланд и тоа се тематските паркови Дизни и Универзал каде има изобилство од атракција. Љубителите на НАСА можат да го посетат вселенскиот центар на Кенеди.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK