VW Golf R420 сепак доаѓа во продажба

ОБЈАВЕНО НА:

И додека сите сме во исчекување на премиерата на осмата генерација на Golf, а истовремено уверени дека инжинерите во Волфсбург се исклучиво посветени на развојот на овој автомобил, германските медиуми пишуваат дека во меѓувреме VW ќе го претстави моделот Golf R420.

Оваа вест доаѓа откако се појави видео како овој модел се тестира на патеката во Нирбургринг. Според пишувањата од претходно, ова ќе биде најмоќниот Golf во долгата историја на овој модел, а за тоа да биде така се погрижи 5 цилиндричниот 2.5 литарски турбо бензинец.

Овој мотор кој се користи и кај моделот RS3 на Audi, постигнува 420 КС, а до 100 км/ч забрзува за нешто помалку од 4.5 секунди. Максималната брзина која може да ја постигне овој модел изнесува 260 км/ч, а во понуда доаѓа со 7 степен автоматски менувач.

Засега нема информација околу датумоот на премиерата и лансирањето во продажба, но тоа се очекува да се случи во наредните неколку месеци, особено поради самиот факт што развојот на новата генерација на Golf е во завршна фаза,