Во ноември пристигнува новото Porsche 911

ОБЈАВЕНО НА:

И официјално е потврдено – новата 911 на Porsche премиерно ќе биде претставена во ноември, во рамките на саемот за автомобили во Лос Анџелес.

По бројните тизер фотографии објавени изминатиот период, сите очекуваа овој модел да биде претставен на саемот во Париз, меѓутоа од германскиот производител се одлучија тоа да го направат на еден од најголемите северноамерикански саеми за автомобили.

Без многу разлики во поглед на најавуваниот рендер и бројните “можни” екстериери што претходно се појавија на интернет, новиот 911 Carrera со остри линии изгледа уште поспортски. По спортскиот карактер се 3.0 литарскиот bi-turbo агрегат со 390 КС и нов седум степен мануелен менувач.

Кај овој модел покрај тоа што е намалена тежината, намален и коефициентот на отпор на воздух кој од 0.29 е намален на 0.27 што го вбројува овој модел меѓу оние автомобили со најповолен коефициент на отпор. Во однос на претходната серија (992) кај оваа серија имаме зголемување на димензиите. Така должината од 4.500 мм пораснува на 4.520 мм додека пак ширината од 1.810 на 1.840 мм.

Во однос на цената и продажбата, овој модел во продажба се очекува да влезе на почетокот на следната година, а цената во САД најверојатно ќе се движи помеѓу 90 и 100 илјади американски долари.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK