„Уловен“ новиот Seat Leon

ОБЈАВЕНО НА:

Откако претходно беше објавено дека новата четврта генерација од моделот Leon, Seat ќе го лансира во текот на следната година, на интернет се појавија и првите фотографии од маскираниот Leon од четврата генерација.

Она што е воочливо на прв поглед, а што беше и очекувано, се поголемите димензии. Така новата генерација доаѓа со поголема должина, со додадени неколку милиметри во ширината, со зголемено меѓуоскино растојание, но и далеку полесен од актуелниот модел чија тежина изнесува 1.165 килограми.

Од претходно е познато и дека овој модел се базира на MQB платформата, а покрај основните бензински и дизелски мотори, во понуда ќе се најде и во хибридна и електрична изведба која ќе биде лансирана година-две по премиерата на основниот модел.

SEAT Leon

Што се однесува до историјaта на овој модел, тој е воведен во 1998 година. Оваа прва генерација во целост била дизајнирана од италијанецот Џорџето Џуџаро што придонело да добие неколку награди за автомобил на годината во повеќе европски земји.

Во мај 2005 година е лансирана втората генерација која на пазарот се задржува до 2012 година. Последната и актуеллна генерација е лансирана 2012 година. Дизајнот е дело на Алехандро Месонеро Романос, а истиот овој автомобил се темели на MQB платформата која ја користат повеќе модели на Volkswagen Групацијата.