Нов СУВ: Renault Arkana премиерно во Москва

ОБЈАВЕНО НА:

Со соопштение објавено од службата за односи со јавноста, Renault го најави новиот SUV модел од C сегментот.

Arkana како што е името на овој модел, претставува комбинација на Megane и Talisman, а ова може да се утврди од тизер фотографиите на кои се гледа дека предните и задните светла вклучувајќи ја и предната маска се идентични како кај наведените модели.
Со овој модел како што и претходно во соопшти францускиот производител, ќе се зголеми понудата на SUV модели па така Arkana ќе се приклучи на постоечките модели Kadjar и Captur.

Премиерата овој модел ќе ја има на претстојниот саем за автомобили во Москва, а за 29 август. Производството и продажбата на овој модел се очекува да се стратува на средината на следната година.

Причината зошто премиерата е закажана во Москва е фактот што овој модел ќе се произведува во Русија. Иако не е позната цената, сепак таа ќе биде доста конкурентна и одлична ценовна алтернатива за Mercedes GLC Coupe, BMW X4 и Audi Q4.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK