Следната година доаѓа најмалиот СУВ на Skoda

ОБЈАВЕНО НА:

Уште од пред неколку години беа јасни заложбите на Volkswagen Групација за доминација во SUV сегментот. Откако Audi, VW и Seat, значително ја збогатија својата понуда на SUV возила, и Skoda полека, но сигурно ја комплетира понудата.

Откако во изминатиот период Skoda ги претстави моделите Karoq и Kodiaq, наредната година, чешкиот производител ќе го лансира најмалиот во понудата SUV модел. Станува збор за најмалиот SUV кој ќе се позиционира под Karoq. Истиот ќе се базира на MQB A0 платформата, истата онаа на која се базира и Seat Arona. Токму и Arona ќе биде конкурентот во класата покрај Renault Captur, Peugeot 2008, Opel Mokka и останатите модели во оваа класа.

Екстериерно, овој модел треба да го следи дизајнот на Vision X Concept-от претставен на саемот во Франкфурт минатата година како и на изминатиот саем во Париз. Од претходно потврденото за овој концепт, најмалиот SUV би требало за првпат во историјата да има комбинација на три придвижувачки елементи: гас (CNG), бензин и електрика. Во зависност од условите и потребите од страна на возачот, хибридниот систем за концепциска разработка е во состојба да предложи придвижување на предните, задните или на сите четири тркала.

Иако сеуште е рано да се шпекулира со називот, во потесниот избор се Polar, Aratan како и Anuq. Токму последниот назив поради буквата “q” на крајот која е симболична и за останатите SUV модели во понудата, е најсериозниот претендент за назив на овој нов модел.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK