Запознајте го новиот Citroen C5 Aircross

ОБЈАВЕНО НА:

Додека компанијата продолжува со објавување на нови тизер фотографии за новиот C5, веќе се познати и деталите на новиот кросовер. За краток период беше претставен DS7 crossback и Citroen C-Aircross, а сега од PSA стигнува уште еден новитет.

Станува збор за Citroen C5 Aircross, што беше најавен уште минатиот месец со дв атизер цртежи. Aircross концептот беше промовиран во Шангај во 2015 година. Токму во Шангај следната недела ќе биде претставен и серискиот C5 Aircross што е нов претставник на француската фабрика во СУВ сегментот.

C5 Aircross ќе се базира на EMP2 платформата, а продажбата во Кина ќе почне во втората половина од годината. Во Европа се најавува дури на крајот на 2018 година.

Повеќе детали за моделот ќе бидат познати на премиерата закажана за 18 април во Шангај, а според некои претходни информаци, на купувачите во Кина ќе им се нуди 1.6 литарски турбо бензински мотор со 167 КС и 245 Нм вртежен момент, но и 1.9 литарски агрегат со 204 КС и 280 Нм. Двата мотори ќе бидат со шестстепени автоматски менувачи.
Се најавува и 2.0 литарски мотор, и хибридна верзија која ќе има 4х4 погон, како и продолжена LWB варијанта со седум седишта.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK