Во Париз ќе биде претставена Skoda Karoq Sportline

ОБЈАВЕНО НА:

Само неколку дена по објавувањето на информацијата од Skoda за верзијата Scout на Karoq, сега од брендот ја претставуваат и следната основна верзија на моделот Karoq Sportline.

Официјалната премиера на Skoda Karoq Sportline ќе биде одржана за време на меѓународниот саем во Париз во октомври, а автомобилот ќе биде достапен екслузивно во топ верзијата на портфолиото на моделот, опремен со дволитарски TSI мотор со 190 коњски сили.

Во опремата на Karoq Sportline се вклучени специјално развиени спортски преден и заден браник, екслузивни за модификацијата 18-инчни Mytias црни алуминиумски бандажи (19-инчни се исто така достапни како опција), затемнети стакла и црни шини на таванот.

За внатрешноста на Karoq Sportline од Skoda предвиделе црни спортски седишта со контрастен сив конец и специјален трислоен тапацир, многуфункционален спортски волан, фиксирани задни седишта, педали со челични потпирачи, црн тапацир за таванот и други. Како дополнителна опрема се предлага дигитален Virtual Cockpit интрументален контролен панел.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK