Во Њујорк е премиерaта на Honda Insight (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Honda одлучи да го врати на сцената легендарниот модел Insight и да го преработи, а појавувањето ќе се случи на саемот во Њујорк, кој почна на 30 март. Таму ќе биде преставен целосно новата генерација на хибридниот модел.

Се работи за луксузен автомобил со пет седишта, кој ќе биде лансиран на пазарот во текот на ова лето. Ќе биде предложен со богата стандардна опрема, како и со последните новитети од активната заштита од опасности со која може да се пофалат во Honda.

Во целосното екипирање на новиот Insight се грижат системот Honda Sensing, можноста за полна синхронизација на мобилните телефони со Apple CarPlay и Android Auto, структурирани седишта, третата генерација на иновацискиот хибриден двомотор со задвижувачки систем на Honda и батериски блок кој е интегриран под задните седишта.

Новата Honda Insight, која е изработена на платформа на десеттата генерација на Civic, ќе се понуди со три нивоа на опрема, а основната верзија ќе располага со целосно диодни фарови и задни светла, 16-цолови алуминиумски бандажи, надворешни стакла со греење, стартување на моторот со копче и други.