Renault Clio во хибридна изведба доаѓа во Женева

ОБЈАВЕНО НА:

Годинава ќе биде доста возбудлива кога се во прашање новитетите во авто индустријата. По бројните новитети и концептни возила најавени за саемот во Детроит, полека, но сигурно светските производители ги откриваат своите адути за саемот во Женева.

Францускиот производител Renault е последниот производител кој за саемот во Женева најави новитет.

Станува збор за новата петта генерација на најпродаваниот модел на Renault, Clio кој се темели на новата CMF-B платформа. Во моментов во пресрет на премиерата, францускиот производител го тестира овој модел на екстремни услови во Шведска, а од ден на ден се појавуваат се повеќе и повеќе информации поврзани со овој модел. 0.9 литарскиот и 1.2 литарскиот бензински мотор како и 1.3 литарскиот мотор развиен во соработка со Daimler, а достапен со 5 степен мануелен и 6 степен автоматски менувач.

Во моментов е неизвесно дали новото Clio ќе дојде со дизелски мотор во понудата особено ако се знае фактот дека дизелските агрегати губат на популарност во Европа поради новите WLTP процедури. Од друга страна ќе има хибридна изведба, кој покрај бензинскиот мотор ќе користи и 48-волтен електричен систем со цел смалување на потрошувачката на гориво и емисија на штетни гасови.

Во однос на екстериерот не се открива многу, но многу е веројатно новата генерација да ја следи дизајнерската филозофија аплицирана кај актуелната генерација на Renault Megane како и претходно претставениот концептен модел Symbioz.

Производството на овој модел се очекува да започне кон крајот на оваа година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK