Peugeot E-Legend ѕвездата на саемот во Париз

ОБЈАВЕНО НА:

Иако мина само еден ден од саемот во Париз, а многу производители не ги покажаа своите адути, сепак еден од најпривлечните автомобили-концепти изминатиот ден беше Peugeot E-Legend кој во ретро-стил со модернистички примеси го восхресна легендарниот Peugeot 504.

Екстериерот инспириран од Peugeot 504 со бројни минималистичко-модернистички елементи. При тоа посебен впечаток оставаат предните и задни 3D LED светла кои ја потенцираат агресивноста на овој концепт. Во поглед на димензиите, должината на овој концепт автомобил изнесува 4.650 мм, ширината 1.930 мм, висината 1.370 мм додека меѓуоскиното растојание изнесува 2.690 мм.

Сите информации околу погонот беа официјално објавени на премиерата пред неколку недели. Главниот збор го има електромоторот кој овозможува 426 КС и 800 Nm, а батериите од 100 kWh обезбедуваат автономија од 600 километри. За целосно полнење на батеријата потребни се само 25 минути, а максималната брзина која ја развива изнесува 200 km/h.

Во внатрешноста воочливи се ретро седиштата, токму онакви какви беа популарни во 60те години на минатиот век. Тука е и целосно модернистичката инструментална табла која има можност за собирање кога возилото не е стартувано. Тука доминираат и 16-те диспели кои во целост ги заменуваат конвенционалните команди за управување на различни функции на автомобилот.

Дизајнот на овој концепт е дело на Серџо Пининфарина, а токму во екстериерот се проткаени бројни ретро елементи од Peugeot 504 кои одлично се вклопуваат во една целина која сепак го потенцира и модерниот карактер. За тоа да е така помага и најнапредната автономна технологија некогаш вградена во Peugeot автомобил.

Иако овој концепт поради својот дизајн привлече многу новинари првиот ден и предизвика низа воздишки кај авто вљубениците, сепак францускиот производител потврди дека овој автомобил нема да влезе во сериско производство и засега статусот ќе остане на конце

Следете не и на:

24AUTO NETWORK