Partner станува електричен – моделот Tepee Electric доаѓа во септември

ОБЈАВЕНО НА:

Во време на се поголема експанзија на електрични возила или пак со алтернативен погон, од Peugeot доаѓа најава за електрична верзија на нивниот мултифункционален модел Partner Tepee. Според најавите тој би требало да стигне на пазарот во септември годинава.

Компанијата тврди дека вкупните трошоци за експлоатација и одржување на моделот се и до 30 отсто помали од истиот модел со конвенционален погон со внатрешно согорување. Гаранцијата на батеријата е 8 години или 100.000 километри, додека на електричниот систем гаранцијата изнесува 5 години или 50.000 километри.

Премиерата на моделот е најавена за саемот на автомобили во Женева.

Електромоторот што ќе се користи има сила од 49 KW (67 КС) и 200 Нм вртежен момент. Има литиум-јонски батерии со капацитет од 22,5 kWh, и со едно полнење може да се минат 170 км. За 30 минути ќе може да наполните до 80 отсто од капацитетот на батеријата.

Иако батериите се наоѓаат во долниот дел од конструкцијата на автомобилот задржана е функционалноста и пространоста што ја има и стандардната верзија. Има места за пет патници и багажен простор од 1.350 литри. Со спуштање на задните седишта се добива багажен простор од 3.000 литри. Во патничкиот простор има и бројни прегради во кои може да собере до 78 литри, во најразлични големини на предмети.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK